Општина Чешиново – Облешево: Со 2 милиони денари се гради нов бунар во Спанчево

07 Фев 2018
103 пати

Започна изградбата на бунар за подобрување на водоснабудвањето на с. Спанчево со изведба

на цевковод за поврзување на бунарот со резервоарот.
Според градоначалникот на Општината Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, новиот бунар е со намена за обезбедување на дополнителни количини на вода во летниот период кога намалува капацитетот на издржливоста на постоечкиот. „Со изградбата на бунарот ќе се реши овој долгогодишниот проблем и конечно жителите на с. Спанчево ќе добијат квалитетно водоснабдување“, смета Крстев.
Бунарот е предвиден да се изведе со длабочина од 65 м., и со проектот е предвидено да се обезбеди негова издашност од 2 л/сек. Зафатените количини на вода ќе се пумпат до резервоарски простор од каде ќе се дистрибуира вода по веќе изградената водоводна мрежа.
За изведба на овој проект, Општината обезбедени средства во вредност од 2.053.767 денари (без ДДВ) , преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант објавен од Министерството за финансии.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.