Дел од преносните компјутери на Општината подарени на локални институции

06 Фев 2018
149 пати

Советот на Општина Кочани донесе одлука со која даде на трајно користење седум преносни компјутери, сопственост на Општина Кочани. По еден лаптоп добија

основните училишта „Свети Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ и „Крсте Мисирков“, а два Полициската станица од општа надлежност – Кочани, по доставено службено барање од оваа институција. Преносните компјутери се ист модел, произведени 2013 година.

По преземањето на функцијата, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, се соочи со нерационални набавки извршени на крајот на претходниот мандат. Една од нив беше набавката на 24 компјутери, за кои Општината сè уште ги сервисира обврските кон набавувачот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.