Градоначалникот Илијев јавно прашува: Треба ли да се дислоцира Градскиот пазар?!

02 Фев 2018
596 пати

Во четврток попладне, хигиената на улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“ на потегот од Градскиот плоштад кон север, е на многу ниско ниво. По пазарен ден

во Кочани, комуналците имаат зголем обем на работа, поради отпадот што останува во овој дел на градот, како по улиците, така и во коритото на реката.
Поставените тезги пред трговските дуќани и другите правни објекти го отежнуваат, а понекогаш и целосно го спречуваат нивното нормално работење.
Над сè, на Пешачко-трговскиот мост на Кочанска Река во разрушена и грда состојба е објект чија сопственост докрај не е утврдена, иако се претпоставува дека веќе припаѓа на Република Македонија.
Поради овие причини, градоначалникот Николчо Илијев, придружуван од директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров и општинскиот комунален инспектор Александар Велков, направи обиколка и увид на состојбата и пред јавноста го отвори прашањето: дали му е овде местото на Градскиот пазар?!
- Оваа тема е повеќе од зрела, сметам дека треба да бараме решение за дислокација на Градскиот пазар на пристојно место и за пазарџиите и за купувачите и за другите граѓани, кои ќе можат да си ги остварат своите права. Сведоци сме дека сообраќајот и целокупното живеење на овој дел од градот во пазарни денови е оневозможено. Тоа е потврда дека треба да најдеме соодветно решение за ова прашање – изјави градоначалникот Николчо Илијев.
Во врска со проблемот со објектот на мостот, директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров истакна дека „Водовод“ повторно ќе преземе мерки да го исчисти, а овојпат и да го огради.
– Како што постапивме со уредувањето на просторот кај „Турист“, така ќе реагираме и овде, сè со цел да го подигнеме степенот на јавната чистота на повисоко ниво и да го направиме градот пристојно место за живеење – рече Киров.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.