ПС Кочани – Жена се пожалила од сопругот вработен во МВР оти психички и физички ја малтретирал

14 Јан 2018
912 пати

Во 17 часот завчера, во полициската станица Кочани, се јавила 38-годишната К.А.К. и пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од

нејзиниот сопруг, 39-годишниот М.К, вработен во МВР.
Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седуммесечно бебе.
Нејзиниот сопруг секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички. Во декември минатата година, повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба.
За настанот е известено ОЈО Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.