Продолжува пријателската соработка меѓу Кочани и Крижевци

13 Јан 2018
213 пати

Осуммина ученици од Основното училиште „Владимир Назор“ од Крижевци, Република Хрватска, со

наставничката по физичка и здравствена култура, Ксенија Крањчец Шамец од 11 до 18 јануари ќе престојуваат на Пониква, Осоговски Планини.
Зимувањето коешто го обезбедува Општина Кочани е во рамките на соработката со пријателскиот Град Крижевци, кој пак им овозможува летување на островот Паг на учениците на генерацијата од средните и од основните училишта од Кочани.
Гостите од Крижевци се сместени во Детското одморалиште на МВР каде што во моментот зимуваат и други ученици и веќе уживаат во снежните убавини на Пониква.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.