Давитков в.д. на „Раде Кратовче“, Рашков на „Малина Попиванова“, Митева на „К.П. Мисирков“

13 Јан 2018
858 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ги прифати неотповикливите оставки на тројца

директори на основни училишта во Кочани и на нивно место именува вршители на должноста.
Благој Давитков, Драги Рашков и Невенка Митева, добија решенија со кои се именувани за вршители на должноста директор на основните училишта „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ во Кочани и „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари.
Новоименуваните директори доаѓаат на местата на Гордана Манова, Ивица Цимбаљевиќ и Катерина Михајлоска, кои поднесоа неотповикливи оставки на директорските позиции во овие училишта.
Вршителите на должноста директор ќе ги вршат работите до именување на нови директори, а нивните досегашни работни места ќе мируваат за времетраењето на оваа фунција.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.