ПС Кочани - Направил сообраќаен прекршок, па ја изгребал полицајката

12 Јан 2018
1062 пати

Полициската станица Кочани поднесе кривична пријава против Г.Ј.(33) од Кочани, поради постоење на

основано сомнение дека сторил кривично дело напад на службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 28 ноември 2017 година околу 13.50 часот на ул “ВМРО“, полициска службеничка додека извршувала редовна работа заедно со приправник забележала дека пријавениот врши сообраќаен прекршок. Откако му дала знак за запирање, пријавениот не застанал туку го отворил прозорот и упатил навредливи зборови.
По кратко време пријавениот пристигнал пеш до полициските службеници и почнал да ги навредува, а оштетената полициска службеничка ја фатил со раце за флуросцентниот елек и почнал да ја турка со што и нанел огреботини и црвенило на двете раце.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.