Бизнисмените пред Божиќ - Празнични пакети за семејства од ранливите категории и од руралните средини

05 Јан 2018
291 пати

Со цел радоста за претстојниот христијански празник Божик да ја почувствуваат што повеќе семејства, бизнис-секторот од Кочани подготви, а општинските служби поделија

триесетина божикни пакети на ранливи групи од Кочани и од руралните средини.
Пакети со прехранбени, кондиторски и хигиенски производи добија семејства во градот, како и во селата Тркање, Бели, Нивичани, Оризари и Прибачево.
Иницијативата произлезе од дел од стопанствениците во нашиот град, кои ќе настојуваат оваа благородна активност да земе поголеми размери и да стане традиција.
На овој начин, со подадена рака на сиромашните се поттикнува градењето благородни и човечки чувства кон секој граѓанин и разубавување на празниците на оние на кои тоа им е најпотребно.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.