Виница ја продолжува традицијата, утре вечер на плоштадот “Ангел Винички“ палење на Бадниковиот оган

04 Јан 2018
399 пати

Со собирање околу коледарските огнови, жителите на Виница, традиционално, ќе го почнат празнувањето

на Бадник и на големиот празник Рождество Христово – Божик. Бадниковиот оган ќе се пали на плоштадот “Ангел Винички“ а во организација на општина Виница бесплатно ќе се делат топли напивки за верниците. Согласно досегашната пракса, ќе се поделат околу 2000 бадникови лепчиња, а ќе следуваат и вредни награди за оние тројца на кои ќе им се падне паричката.
Инаку, бадникарскиот оган според верувањата, го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.