Градоначалникот Николчо Илијев во посета на дежурните служби во Кочани

03 Јан 2018
329 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев вчера ги посети институциите чии служби имаа

дежурства во текот на празнувањата,
Целта беше директно од најодговорните да се информира за состојбите во текот на новогодишните празнувања и лично да им ја честита Новата година.
Општа оцена е дека празниците поминале во мирна атмосфера, со мошне мали интервенции.
При посетата на Општа болница, со директорката Борка Панова, Илијев размени мислења за потребите на здравствените установи од кадровски и материјално-технички аспект.
- Ние им должиме на граѓаните добро здравство и ќе се залагаме локалните средини да не бидат запоставени, а најмалку нашата јавна установа кон која гравитираат 120 илјади регионални пациенти – истакна во разговорот Илијев.
Градоначалникот ги посети и Полициската станица од општа надлежност, каде со командирот Горанчо Јакимовски разговараше за состојбите во сообраќајот по измените во режимот на улиците во централното градско подрачје.
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејанчо Арсов рапортираше за моменталната состојбата и за потребите на Единицата, но и за планираните активности во доменот на превенцијата од пожари.
Илијев оствари средба и со директорот на КЈП „Водовод“, Андреј Киров, а заеднички ја посетија и Фабриката за преработка на вода во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.