Првото бебе во Кочани – машко

03 Јан 2018
557 пати

Првото новороденче во Кочани во Новата 2018 година е машко, кое се родило неколку часа во

Новата година. На свет го донела Тања Атанасова од Зрновци.

Породувањето го извршил доктор Фонзи Јуруков, кој истакна дека е родено здраво машко дете со тежина 3,8 кг и должина од 55 сантиметри. Раѓањето поминало во најдобар ред, а родилката и бебето се во добра состојба.

Во пресрет на Новата година, акушерскиот тим имал полни раце работа, зашто претходно, пред полноќ се родиле уште две деца, едно машко и едно женско бебе.

Традиционално, првото новороденче го посети градоначалникот Николчо Илијев. Врачувајќи ѝ на мајката пригоден подарок, ѝ ја честита рожбата, посакувајќи ѝ нејзе, на на бебето и целото семејство, многу здравје и среќа. Подароци добија и другите новороденчиња во Одделението.

Бебето и мајката добија цвеќе, подароци и желби за среќа и здравје и од раководството на болницата и од кочански фирми.

Минатата година, како и пред неа, во кочанското Акушерско одделение се родиле околу 200 деца. Според д-р Фонзи Јуруков, тоа е оптимална бројка, со оглед на кадарот и условите со коишто моментно располага Општа болница во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.