Сашко Костов: „ Димитровски се обидува во стил на ранет 'лав' да ја измие вината од своето лице!“

30 Дек 2017
574 пати

Непријатно е токму пред новогодишните празници да се зборува за политички теми, а уште поневкусно е кога тие се поврзани со криминал, корупција,

нетранспарентност и нечесност. Сепак, некому изгледа не му е важно убавото расположение на граѓаните, па сака да зборува за нешто што веќе е завршена приказна.
Поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, се обидува во стил на ранет “лав“ да ја измие вината од своето лице, иако јавноста не само во општината, туку и пошироко знае како работеше тој во изминатите скоро 9 години.
Сомневањата за неговите криминални однесувања ја потврди и полициската истрага, во која беше откриено дека ја оштетил касата на Општината, односно незаконски потрошил 50 илјади евра на граѓаните, за само нему познати потреби. Поради тоа си доби и кривична пријава, па сега, на два дена пред Нова Година, инфантилно се правда дека некој му прави хајка и политички реваншизам.
Ниту му се виновни граѓаните, ниту членовите на СДСМ, туку виновен е самиот, затоа што кога го предупредувавме дека може да одговара за начинот на кој ја раководи Локалната самоупарава, тој се однесуваше како да е глув. Па, си дозволи во Општината да ја вработи својата снаа, но и ќерки и синови на свои соработници и партиски другари, а од општинската каса делеше на наместени тендери само на нему блсики фирми и “деловни“ соработници.
Доцна е, господине Димитровски, да ги обвинувате другите за вашите грешки и да смислувате оправдувања пред јавноста. Подобро е времето да го искористите за да се подготвите тоа да го обајсните пред институциите кои тоа ги интересира.
Среќна Нова Година на сите граѓани на општина Кочани со надеж за добро здравје и личен успех.

ОО на СДСМ Кочани
Претседател
м-р Сашко Костов

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.