Прес на Ратко Димитровски: „Кривичната е хајка против мене за политички реваншизам!“

30 Дек 2017
441 пати

Целта на денешното мое обраќање се последните политички хајки против мене и против раководните структури во општина Кочани поставени

во претходниот период.
Имено со цел да се овозможи евтин превоз на ранливите категории, посебно од периферните делови на градот во декември 2013 год. е отпочната активност кон организирање на јавен линиски превоз на патници со пробен период од 01.12.2013 г до 31.01.2014 г.
Со истиот ќе се намалува сообраќајниот метеж како и загадувањето на воздухот во градот.
За истото е информиран советот на првата наредна седница во Јануари 2014 год. и истиот донесе заклучок пробниот период да се продолжи до 30.04.2014 год. за да се организира како редовен јавен превоз.
За субвенционирање на јавниот превоз во секој годишен буџет се одвојуваа средства од 10 денари по автобуски билет. И на вчерашната седница сегашниот состав ја донесе истата одлука.
За потсетување годишно од буџетот се издвојуваат околу 600-800 илјади денари за субвенционирање.
Намерата за олеснување на движењето на нашите сограѓани е претставено како политичка порака од СДС дека има основ за криминал. Од ова место изјавувам дека хајката против мене и другите раководители за кои веќе има најави е хајка против успешното раководење на институциите а претставува политички реваншизам кон членовите на ВМРО ДПМНЕ и другите неистомисленици кое нешто се практикува веќе подолго време и на државно ниво.
Почитувани, очекуваме да следува период со нови невистини, лаги и монтирани политички случаи. Со тоа сегашното раководство ја прикрива својата неспособност, некреативност, неработење во интерес на економијата и комуникациите, растот и немањето реализација на проекти.
Од ова место сакам да им порачам на креаторите на ваквите случаи дека нивните намери се прочитани и нивното време истекува мошне брзо. Сите учесници како и соучесници во овие валкани политички игри ќе мора да одговараат пред лицето на правдата и системот во кој ние цврсто веруваме.
Драги сограѓани,
Видовте како се развива локалната економија, како се отвараат нови работни места и невработеноста опаѓа, видовте како се гради во сите делови на општината. Да не ги заборавиме капиталните проекти како што се експресниот пат Штип-Кочани, браната на Оризарска река, пречистителната станица за отпадни води и многу други. Да не дозволиме да нивните шарени лаги Ви го одвлечат Вашето внимание од секојдневието и реалноста за подобро утре.
Заеднички со вас е потребно да ја градиме иднината на Кочани.
Сосема на крај Ви ги честитам претстојните новогодишни и божиќни празници со желба за многу здравје, среќа и успеси на личен и заеднички план.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.