ПС Кочани – Кривична за поранешниот градоначалник

26 Дек 2017
884 пати

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Д.(61) од Кочани поради постоење

основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на Кочани, од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општина Кочани, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани, врз основа на којшто, за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за 3.000.690 денари.
Текстот е во целост преземен од билтенот на МВР

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.