Новогодишни пакетчиња за децата од Детската градинка „Павлина Велјанова“

25 Дек 2017
517 пати

По повод новогодишните и божиќните празници, бизнис-секторот во соработка со Општина Кочани

обезбеди пакетчиња за сите 720 деца во Детската градинка „Павлина Велјанова“.
Новогодишните пакетчиња на децата им ги подели Дедо Мраз, радувајќи ги и пренесувајќи им го предновогодишното расположение.
Целта на оваа активност е да се поттикне општествената одговорност кај економските субјекти и да се зајакне нивната соработка со единицата на локалната самоуправа.
Во знак на благодарност за подароците и за вниманието кон најмладите, Детската градинка им испрати благодарници на стопанствениците.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.