Виница - Ќе се работат акциони планови за подобар живот на старите лица

21 Дек 2017
283 пати

Старите лица во фокусот на новиот проект на невладината ИНИ “За подобар живот“ , проект

со кој треба да се изготват локални акциони планови за социјална инклузија на старите лица во општините Виница и Македонска Каменица. Од денес е формирано координативно тело со претставници од повеќе локални институции кои во 2018 година треба да анкетираат најмалку по 200 пензионери од Виница и исто толку од М.Каменица, и врз основа на анкетните прашалници да се изготват акциските планови кои како документи треба да ги разгледа и усвои Советот на општина Виница. Од тие акциони планови треба да произлезат повеќе конкретни проекти со кои ќе се подобрува квалитетот на живот за старите лица во овие две општини . “Видлива е потребата од палијативна грижа, но и генерациско приближување и наоѓање на свое место во секојдневното живеење на старите лица. Токму поради тоа се наметнува потребата од организиран пристап во социјалната инклузија на овие лица“ рече координаторот ан проект Тодор Цонев. Градоначалникот Ивица Димитров кој е дел од ова координативно тело, поздравувајќи ја иницијативата како добредојдена и во интерес на сите нас, вклучувајќи ја и Локалната Самоуправа, рече:- Свесни сме дека на Виница, а и на сите околни општини приоритет им е изградбата на старечки домови. Ние, градоначалниците од истокот веќе градиме заедничка стратегија во континуирано решавање на овој проблем, и како обврска си презедовме до 2019 да изградиме барем еден дом на истокот. Меѓутоа оваа иницијатива на ИНИ , ние како општина ќе ја поддржиме комплетно со сите расположиви човечки и финансиски ресурси, и се надевам дека ќе направиме неколку конкретни чекори за подобрување на квалитетот на живорт на луѓето од третото доба“, Овој проект на ИНИ во кој партнер е и КХАМ од Делчево, е дел од Акцијата за социјална инклузија на стари лица спроведуван од Црвен крст со финансиска подшка од ЕУ, Австрискиот Црвен Крст и Австриската Агенција за развој и соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.