Земјоделци - пиромани ?

18 Дек 2017
423 пати

Земјоделците од Кочанско продолжуваат со старата навика - кога ѓи чистат нивите да ги палат

стрништата. На тој начин се потенцијална опасност да предизвикаат пожар од поголеми димензии. Фотографиите што можете да ги погледнете се направени во саботата (16. декември претпладне) пред влезот во Облешево. Оној што го запалил огнот, не само што предизвика пожар, туку го загрози и сообраќајот, бидејќи на тој дел од региналниот пат кон Штип возилата буквално се пробиваа низ оган. Џабе се апелите од кочанската ТППЕ. Палењето стрништа, инаку, е кривично дело. Немаме информации дали некогаш некој одговарал за такво нешто.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.