Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во посета на Кочани

11 Ное 2017
387 пати

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев оствари средба со министерот за внатрешни

работи, Оливер Спасовски.
- Посетата на секторите и полициските станици во Македонија ја започнувам од Кочани. Неоходна е соработка со единиците на локалната самоуправа, за да можеме заеднички да учествуваме во подобрувањето на јавната безбедност. Ставањето во функција на позорната служба е една од нашите задачи што ја бараат граѓаните – рече на средбата министерот Спасовски.
Градоначалникот Илијев, претставувајќи ги принципите на законито и транспарентно работење во Општината, истакна дел од потребите и проблемите на Општината и во секојдневното живеење. Тој ја нагласи потребата од поддршка од државниот буџет за побрзо надминување на сегашните состојби. Посебен акцент стави на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.
Спасовски најави стручна поддршка од Министерството во изработка на сообраќајна студија, по што ќе може да се имплементираат сообраќајни измени што ќе ја подобрат состојбата во сообраќајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.