Втор круг локални избори - Ивица Димитров нов градоначалник на Виница

30 Окт 2017
774 пати

Нов градоначалник на Општина Виница е Ивица Димитров од СДСМ, на Зрновци – Блаже Станков од

ВМРО – ДПМНЕ, на Чешиново – Облешево – Горанчо Крстев од СДСМ. Ова е епилогот од вчерашниот втор круг од Локалните избори 2017-та што се однесува до општините блиски до Кочани. Станува збор за првични неофицијални резултати објавени од ДИК.
Во Виница, Димитров освои 5 557 гласа, додека неговиот против кандидат, Мартин Павлов од ВМРО – ДПМНЕ дојде до бројката од 4682 гласа.
Блаже Станков во Зрновци го впиша својот трет мандат, откако освои 974 гласа. Кандидатот на СДСМ, Ванчо Митев, во најмалата општина во потесниот регион, на своето конто впиша 670 гласа.
Општина Чешиново – Облешево после подолг период доби градоначалник од редовите на СДСМ. Тоа е Горанчо Крстев, за кого гласале 2155 избирачи. Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Горанчо Зашов, кој во првиот круг имаше мало водство, во вториот круг се избори за 1992 гласа.
Следува рокот за поднесување приговори.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.