Уште од денеска цврсто започнуваме со работа изјави...

25 Окт 2017
1668 пати

Денеска во 10 часот во салата на Советот на Општина Кочани , ОИК - Кочани ги додели уверенијата на новиот градоначалник Николчо Илијев и на 19 -те членови на Советот на Општината.

Веднаш по свеченоста градоначалникот Илијев пред локалните медиуми им се заблагодари на граѓаните на Општина Кочани, кои како што истакна покажале голем демократски капацитет и на фер и демократски избори јасно ја искажале својата волја. 

--- Победата беше искажана со огромна предност, резултат што радува, меѓутоа и обврзува. Со работа започнуваме уште од денеска, но нема да биде ниту лесно, ниту едноставно, бидејќи за време на кампањата,слушнав за многу проблеми кои треба да бидат решени. Ветувам дека цврсто започнуваме со работа, а граѓаните ке ги одредуваат приоритетите.

Со советот очекувам коректна соработка бидејки заедно треба да работиме за подобрување на условите за живот на граѓаните на Општина Кочани. Јас како градоначалник ке бидам крајно транспарентен, отворен и подготвен за соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.