Сашко Костов на прес: „Се противиме на секаков вид реваншизам и индивидуално креирање кадровска политика!“

21 Окт 2017
989 пати

Дозволете ми од мое, и од име на Општинската организација на СДСМ – Кочани да ви се заблагодарам за

поддршката и за довербата кон нашите кандидати за градоначалник и за советници и да ви честитам на вистинскиот избор што го направивте на локалните избори.
Вие, граѓаните на Кочани, покажавте дека локалното управување и општината ви се важни. Убедливата победа за нас е голема чест, но и обврска да ја реализираме нашата програма. Да понудиме подобар живот за сите граѓани. Водилка во работата и во раководењето ќе бидат чесноста, транспарентноста и отчетноста. Со тоа ќе докажеме дека ние сме различни од нашите претходници. На тој начин ќе ја оправдаме довербата и ќе бидеме одговорна власт, која ќе се грижи за вас.
Почитувани граѓани,
Заврши ерата на локални шерифи. Наша главна определба е демократизација на општеството и почитување на професионалноста, работливоста и способноста. Главна цел ни е да создадеме и да развиваме квалитетен кадар, да помогнеме во креирањето нови и подобро платени работни места за да ги задржиме младите овде.
Се дистанцираме од прикажување политичка моќ и одважност од страна на поединци кои тоа го прават самоиницијативно, а во име на партијата. Цврсто стоиме против секаков вид реваншизам и индивидуално креирање кадровска политика, за што деновиве можеме да прочитаме и на социјалните мрежи.
Резултатите и спроведувањето фер и демократски локални избори се заслуга на сите граѓани, а не на поединци. Само заеднички и во позитивна атмосфера можеме да изградиме подобра иднина и општина за сите.
Ве повикувам, со постојана комуникација да ги надминеме нееднаквоста, неправдата и поделбата на „наши“ и „ваши“ и да ги намалиме нетрпеливоста и конфронтациите.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.