СДСМ и коалицијата со 10 советници во Советот на Општината...

20 Окт 2017
1747 пати

Општинската изборна Комисија на Кочани ги објави резултатите по првиот круг на локалните избори за

советници, со што е познат новиот состав на Советот на општина Кочани што го сочинуваат 19 советници. – Мнозинството во Советот на општина Кочани ќе го има СДСМ и коалицијата Живот во Македонија, кои според постигнатиот резултат од 10.570 гласа освоија десет советнички места. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 7.960 гласа и осум советнички места, информираше за Кочани ФМ Радио Марија Гоцева, претседател на ОИК на Кочани. Во новиот Совет на општина Кочани, според Гоцева, едно советничко место освои независната листа предводена од Венко Крстевски, која на локалните избори освои 1.314 гласови.

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.