Втор изборен круг: Битка за секој глас !

18 Окт 2017
543 пати

Во 35 општини ќе се прегласува во вториот изборен круг. Во дел од нив, разликата на спротиставените кандидатите е минимална, некаде дури за триесеттина гласови. Фиништот на вториот изборен круг, според досегашните

оценки на аналитичарите, дополнително ќе биде интересен и незивесен , со оглед на тоа што битка ќе се води и општини кои досега важеа за “бастиони“ на Вмро Дпмне, во кои оваа партија на претходните изборни циклуси без дилеми освојуваше изборна победа. За јавноста – интресен ќе биде исходот во Штип, каде разликата во гласовите е триесеттина во корист на кандидатот на Вмро Дпмне. Еве каков е распоредот на политичките сили и со какви стартни позиции влегуваат кандидатите за градоначалници, во општините каде ќе се прегласува.
Особено за нас се интересни општините Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево.
Во Општина Виница во првиот изборен круг во трка за градоначалничкаа позиција беа двајца кандидати, Ивица Димитров (СДСМ), освои 261 глас повеќе од Мартин Павлов (ВМРО – ДПМНЕ). Во вториот изборен круг се стартува од нула.
Прегласување ќе има и во Општина Зрновци, каде во првиот круг Блаже Станков освои 791 глас, а останатите тројца кандидати имаа вкупно 797 гласа. Во Зрновци за градоначалнички мандат во вториот круг ќе се борат Станков (ВМРО – ДПМНЕ) и Ванчо Митев (СДСМ).
Втор изборен круг ќе има и во Чешиново – Облешево, Општина во која разликата межу двајцата кандидати изнесува само 39 гласа во корист на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата. Така, според податоците од ДИК, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ, Горанчо Зашов, освои 1977 гласа, а кандидатот на СДСМ, Горанчо Крстев на своето конто впиша 1938 гласа.
На 29 октомври ќе се прегласува во 35 општини во кои ниту еден кандидат за градоначалник не доби потребно мнозинство од гласови. 14 се општините во кои СДСМ има предност, додека опозициската ВМРО ДПМНЕ со предност влегува во само 6 општини.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.