Илијев: „На овие Локални избори Кочани избра промени за подобар живот!“

16 Окт 2017
1270 пати

Почитувани сограѓани, Првичните резултати од Општинската и од Државната изборна комисија ни даваат за право да соопштиме дека Кочани на овие

Локални избори избра промени за подобар живот. На 15 октомври Кочани ја искористи историската шанса и гласаше фер и слободно. На овие избори покажавме дека можеме да бидеме пример за демократско однесување. Задоволен сум што до гласачите стигна мојата порака – дека сè е минливо и менливо – и дека човечноста и мирот треба да бидат постојани.
Почитувани сограѓани,
Резултатот што го постигнавме е убедлива победа во корист на сите граѓани што сакаат заеднички да градиме подобар живот.
Ви благодарам на сите коишто во мене препознавте човек со одговорност којшто може да ја води Општината во наредниот период.
Сега имаме шанса со компромис и толеранција да градиме хармонија во нашата заедница. Без омраза, гнев и страв – да ја намалиме политичката поларизација.
Сега е вистинскиот момент да воспоставиме нови стандарди во работењето и во живеењето во нашата општина: професионалност, одговорност, отвореност, отчетност.
Само така ќе изградиме подобар живот за сите во Кочани.
Ви благодарам.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.