МВР викендов ќе издава лични карти по итна постапка

14 Окт 2017
720 пати

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе

работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.
Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.
Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска попладне до 16:30 часот.
Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.
Утре, на денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.