Кривична пријава за директор што прикрил отсуство на наставник за Нова Година

13 Окт 2017
634 пати

Кочанската полиција поднесе кривична пријава против директорот и наставник од

ООУ „Страшо Пинџур“. Директорот Т.Б. (36) во селото Соколарци се товари дека неоправдано му дозволил на наставникот Е.С. (50) од село Чешиново да престојува во Италија наместо да предава на учениците. Директорот иако знаел дека наставникот од 28.12.2016 до 03.01.2017 година не бил на работа, не презел мерки за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност заради кршење на работниот ред и дисциплина, стои во полицискиот билтен. Бидејќи наставникот неоправдано изостанал од работа три последователни работни дена, односно пет работни дена во текот на една година, за да му овозможи да го продолжи својот работен однос, директорот ги уништил евидентните листови за присуство на работа на вработените за учебната 2016/2017 година. Наставникот пак наставните часови дури бил во Италија во дневниците за работа ги евидентирал како одржана настава. Против директорот е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на деловни книги“, а против наставникот за делото „фалсификување исправа“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.