Крстевски:„ На Кочани му нудиме тим исполнет со елан за работа и истрајност!“

13 Окт 2017
435 пати

Почитувани сограѓани, Независната листа на советници ,,Младите за Кочани,, во која носител е Венко Крстевски, спонтано ја создадовме без

никакви притисоци и со чиста совест. Сведоци на секојдневното незадоволсво кое се јавува кај жителите на општината, се одлучивме за овој голем чекор, за овој младински замав кој ќе се залага 

зборот на народот не да биде слушнат туку конечно да биде разбран.

Самиот факт ако кажеме дека во нашата општина постои советодавно тело тука и ќе завршиме. Но, сега не сме овде пред вас да кажуваме
за тоа како било во минатото, тука сме да зборуваме за она што ќе се случува во иднина.
Ние не сме овде да споредуваме, ние сме овде со единствена цел – да работиме!!
Конкретна програма, конкретна
визија за идејните заложби на нашите граѓани претопени во дела. Енергијата и силата ја црпиме од вашата поддршка која неизмерно ни ја давате во целиот овој процес.
- Изминативе денови организиравме настани од повеќе области кои поминаа со одлична оценка од страна на нашите сограѓани. Иако финански не толку моќни, сепак со добра организација докажавме дека финансиите не се толку битни. Идејата беше градот Кочани кој преставува колевка од традиции, обичаи и настани од врвно реноме, повторно да му го вратиме
сјајот кој го красеше своевремено.
-Денес се наоѓаме на градскиот пазар во Кочани каде што поставивме штанд на кој ги промовираме нашите заложби, разменуваме мислења и примаме сугестии од нашите сограѓани за конкретните работи што ги засегаат. Денес секој од минувачите имаше можност на нашиот штанд да напише име на граѓанин од нашата општина кој живее во странство поради лични или финансиски потреби, се со цел неговото име да не биде заборавено. Идејата на оваа акција е и со намера да се спречи наглото заминување преку низа мерки кој ние како тим ги предлагаме.
-Во текот на неделава спроведовме акција во која наши членови од Независната листа на советници со велосипеди ги посетија населбата Оризари, населените места Прибачево и Грдовци да разговараат на лице место со случајните минувачи за проблемите кои ги засегаат овие жители на нашата општина.

Замислете живееме во 21-от век, а се враќаме во 20 век. Овие места се соочуваат со разни проблеми, подрачни улици неасфалтирани, нема фекална канализација, нема спроведен водоводен систем и уште безброј работи кој самиот жител според својот статус го следува. Разочарани од сликите кои ги видовме, а и од проблемите со кој се соочуваат овие жители наидовме на низа предлози од самите нив за нивно решавање. Наидовме и на голема подршка на нашата иницијатива за кои тие самите рекоа цитираме:
Конечно некој да дојде и да допре до нашите срца!!
Почитувани сограѓани,
Советот или ние како го цениме народното тело е легитимен преставник на народот кој се залага за дистрибуција на идеите и проблемите кој ги засегаат граѓаните. Затоа предлагаме низа проекти во сите
сфери за кои ќе се бориме на секоја советодавна седница во општината.

На Кочани му нудиме тим исполнет со елан за работа и истрајност. Затоа сплотени во целина да си помогнеме сами на себе.

Имаме шанса на 15ти Октомври,
а пред се вие наши сограѓани да ни ја дадете вашата подршка, вашиот глас за редниот број 55 за листата на
советници. Вашиот глас ќе биде нашата мотивација за работа, а вашиот став поттик за да продолжиме ...


Независна листа на советници-носител Венко Крстевски реден број 55

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.