Крстевски „фрли ракавица“: Носители на советничките листи – ајде на дебата, да ги судриме аргументите!“

11 Окт 2017
2106 пати

Почитувани сограѓани, почитувани медиуми, во чест на денешниот празник и нашите заложби за рушење на ѕидовите и градење мостови помеѓу луѓето, сакам

да кажам дека СЛОБОДА не е само слобода на движење, туку и слобода на изразување и говор. Затоа ја користам оваа прилика да ги повикам ЈАВНО носителите на советничките листи од политичките партии, да изберат време и место за ДЕБАТА, каде што ќе ги судриме нашите аргументи, заложби и идеи. Да покажеме повисоко ниво на ДЕМОКРАТСКИ КАПАЦИТЕТ, а ЈАВНОСТА да има можност за поквалитетен суд за локалните избори.

Се надевам дека барем еден, а очекувам и двајцата кандидати да ја прифатат поканата и заедно со помош на медиумите, да го организираме овој настан.

Дебата е потребна за подигање на свеста и моралот кај сите во општеството, каде што ќе се постават вистински стандарди и секој оној кој што нема да ги почитува ќе биде остро осуден од јавноста.

Венко Крстевски - Носител на независна листа за членови на совет на група избирачи

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.