Стефановски: „Вие заслужувате локална самоуправа која ќе биде сервис на граѓаните!“

11 Окт 2017
214 пати

Ова позади мене е зградата на локалната самоуправа на Општина Кочани. Но, истовремено тоа е и семејна зграда на раководството на ВМРО ДПМНЕ. Така, во оваа зграда

можат да се сретнат сопруги и сопрузи, татковци и деца, свекори и снаи и сите други форми на крвно сродство или сватовство. Состојбата не е ништо подобра ниту во училиштата, градинките и комуналното претпријатие. Канцелариите во кои што треба да им се пружаат услуги на граѓаните се претворени во чајџилници, пушални и салони за разубавување. Со парите од општинскиот буџет, среќните семејства вработени во оваа зграда, си прават турнеи по хрватското приморје и на далечниот исток. Си доделуваат награди и унапредувања за повисоки плати. Многу често паузите на некои од паушално вработените, траат подолго од ефективното работно време. Решавањето на вашите проблеми е во рацете на некадарни и неодговорни галеничиња. И на кого да се пожалите? На свекорот од снаата, на таткото од ќерката или на сопругот од сопругата?
Почитувани пријатели, драги кочанчани. Сега е време да му ставите крај на ваквото расипничко работење и вработување по роднинска линија. Се работи за вашите пари и вашето време. Вие заслужувате локална самоуправа која ќе биде сервис на граѓаните, бидејќи таа функционира од вашите пари. Во оваа институција треба да работат вредни, чесни и професионални кадри, за кои граѓанинот ќе биде пред се` и над се`. Вие заслужувате подобар културен живот и подобро организирано време во образовните установи. Вие заслужувате побрзо и ефикасно решавање на комуналните проблеми. Вие заслужувате подобар живот, овде во Кочани. Сето тоа можете да го добите ако на 15 октомври го направите вистинскиот избор. Заокружете го бројот 19 на гласачките ливчиња и помогнете им на советниците од СДСМ и коалицијата и идниот градоначалник Николчо Илијев да донесат живот во Кочани за сите граѓани подеднакво.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.