Честит 11 Октомври – Денот на македонското востание

10 Окт 2017
203 пати

Од мое лично име и од името на Општина Кочани, на сите граѓани на Кочани и на Република Македонија им го

честитам 11 Октомври, Денот на македонското востание.
Овој голем празник е уште еден од темелите на македонската државност со кој се оствари стремежот на сите претходни генерации за достигнување на победата и слободата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој ден, им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото и антифашистичко востание, кои ги вградија животите за денешната слобода.
Нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското востание!

Градоначалник на Општина Кочани,
Ратко Димитровски

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.