Димитровски на прес запраша: „Дали Центарот за социјална работа е партиска или јавна институција?“

10 Окт 2017
273 пати

Мораме да ја алармираме јавноста и да предупредиме дека „ Центарот за социјални работи“ – Кочани иако е јавна институција за целите на Локалните избори

работи и делува исклучиво за партиски цели. И тоа:
Прво:- На ден 03.10.2017 год. „ Центарот за социјални работи “-Кочани вд Директорот Соња Андоновска заедно со вработена од центарот – нејзина сопартијка , за време на работно време користејќи ја својата функција вршеше агитација во населба Оризари и Ромско маало – улица „Стамен Манов“ и „Полатски пат“, кај семејства од ранлива категорија на кои им е прекинато правото на парична социјална помош според Законот за социјална заштита.
Невообичаено е директорот од Центарот да оди на увид кај семејства од ранливи категории. Која и била целта на вд Директорот Соња Андоновска за посети на семејства во време на предизборна кампања е јасна : на недемократски начин, изживувајќи се врз маката на луѓето и злоупотребувајќи ја својата позиција како вд Директор да добијат глас повеќе на овие локални избори.
Прашуваме дали и овие избори ЦСР – Кочани планира да исплати еднократна парична помош што е во спротивност со членот 8-а од Изборниот закон.
Нема потреба да се потсетуваме, граѓаните на Кочани добро се сеќаваат на кривичните пријави од 2006 за неовластена исплата на еднократна парична од тогашната директорка на ЦСР – Кочани, која со злоупотреба на својата службена положба одобрила и исплатила еднократна помош на околу 40.000 Евра пари потрошени за „купување“ на гласови.
Како второ:- На ден 06.10.2017година ЦСР работи како мини партиски штаб, по завршување на работното време за членовите на СДС по партиска наредба било организирано издавање на решенија за туѓа нега заради пријавување на “болни и изнемоштени“ гласачи. Со што граѓаните се ставаат со нееднаква положба и се влијае на изборите што претставува кривично дело за кое дополнително ќе бараме одговорност.
Како трето: Продолжуваат политичките инциденти во Центарот за социјални работи во Кочани. „упадот“ во канцеларија на вработен и мобингот на в.д. директорката продолжува и врз други вработени на кои во деновиве од предизборна кампања им се вршат најразлични облици на притисок како што се неосновани преместувања, распоредувања како и се врши секојдневно шиканирање на одбрани вработени:
Се поставува прашањето дали „ Центарот за социјални работи “ Кочани е партиска или јавна институција? Важи ли Изборниот законик и Законот за социјална заштита за вд Директорот?
Вие Граѓаните свесно, разумно и одговорно одлучете какви институции му се потребни на градот Кочани – партиски или јавни – отворени за сите .
Гласот бр. 13 е глас за институции во служба на граѓаните , отворени институции, институции кои работат во согласност со законот !!!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.