Чешиново - Облешево: На 11 август авионско прскање против комарци

09 Авг 2017
299 пати

Општина Чешиново-Облешево ја информира јавноста дека на ден 11.08.2017 (петок) со почеток од

05.00 часот до 08.00 часот ќе се спроведе авионско третирање против комарци во 2017 година.

Границата на третирањето започнува од влив на Река Злетовица во Река Брегалница по течение на Река Брегалница до висина на село Теранци, потоа површините помеѓу пат М-5 и село Чешиново почнувајќи од с.Уларци до с. Облешево.

Со третирањето ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево,Бања, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Чифлик, Теранци.

Вкупното третирање ќе биде извршено на територија со површина од 900 хектари.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Ве молам соопштението да го емитувате во периодот од 09.08.2017(среда) до 10.08.2017 година (четврток).

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.