ДИК – Усвоен роковникот за Локалните избори

08 Авг 2017
197 пати

Државната изборна комисија (ДИК) го усвои роковникот за локалните избори, според кој изборите ќе

се одржат на 15 октомври, вториот круг на 29 октомври, а политичките партии своите листи на кандидати треба да ги поднесат најдоцна до 9 септември, објави Мета.
Јавниот увид во избирачкиот список почнува на 21 август и ќе трае до 9 септември. Рокот за собирање потписи за листи на независните кандидати за советници и за градоначалници е од 21 август до 4 септември.
„ДИК е подготвена за организирање и за спроведување на локалните избори. Сите потребни подготовки кои се однесуваат на успешното спроведување на локалните избори се при крај“, изјави Реџеп Прекопуца, потпретседател на ДИК.
ДИК испрати барање до Министерството за внатрешни работи да направи список на полнолетните државјани за да се утврди точната бројка во гласачи во избирачкиот список.
Ждрепката за утврдување на редослед на кандидатите на гласачко ливче ќе се изврши најдоцна до 18 септември, а набљудувачите треба да се акредитираат најдоцна до 4 октомври.
Од денеска почнува и надзорот на медиумите за начинот на кој ќе известуваат за време на локалните избори од Агенцијата за медиуми.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.