Контра – прес на СДСМ

05 Авг 2017
385 пати

Во целост ви го пренесуваме она што беше кажано на прес конференцијата на ОО на СДСМ од Кочани одржана на 4 авгус. Зборуваше

Сашко Костов, пратеник и претседателот на кочанскиот огранок на владеачката партија на републичко ниво.
„На прес-конференцијата што пред некој ден ја организираше ДПМНЕ Кочани, можевме да слушнеме еден куп неостварени желби на партијата која 11 години одлучуваше за животот на граѓаните во општината и во државата.
После толку години трошење милијарди и милијарди евра народни пари, тие се сетија дека на општината и на регионот му се потребни инфраструктурни објекти што додека беа на власт не ги реализирале, па сега сакаат да бидат готови за кратко време.
Господа од ДПМНЕ, Вашата желба за покривање на градскиот базен и пуштање геотермална вода во него ја промовиравте уште за локалните избори во 2013 година, кога се сликавте со тогашниот премиер Груевски на истиот, но и по толку години ветувањето остана неостварено. Вие изгледа не живеете во општина Кочани, па и не знаете дека во село Тркање нема градинка, па поради тоа нејзините капацитети не можат ни да се прошират. Вашата желба за изградба детска градинка во село Тркање Ви остана неостварена исто како и ветувањето за изградба на канализација во ова населено место.
Барате пари од буџетот на државата за изградба на катна гаража, а не кажувате каде ги потрошивте парите од продажбата на државно градежно земјиште во центарот на градот и од комуналиите што ги добивте од инвеститорите на зградите во општина Кочани. Направивте кружен тек за да по кратко време го направите некаков „квази кружен тек“, со што го зголемивте сообраќајниот хаос во градот. Изградбата на кружен тек на дуплиот мост, Ви остана неостварена желба бидејќи останавте без сомнителни тендерски зделки и провизии.
Сакате државата да ви помогне за водовод во Пантелеј и Рајчани, ама не кажувате дека за лични интереси дозволивте за кратко време да се уништи новиот асфалт на патот меѓу овие две села. За пречистителна станица и канализација на Пониква нема што да се каже, освен дека во желбата да заработите што повеќе, продававте градежни парцели за викенд куќи, без да размислите за основната инфраструктура.
Господа од ДПМНЕ, пред да излезете пред граѓаните и да зборувате за вашите желби што не сте ги оствариле, треба да се прашате самите каде се потрошија толку милијарди евра од државниот буџет, од кои Кочани не доби скоро ништо. Немојте да зборувате за лицемерие, бидејќи Вие одлично го практикувавте во изминатите години од вашето владеење.
Време е да се средат сметките и со трезвен ум да се реализираат реално остварливи проекти што се дел од потребите на граѓанит на општина Кочани и пошироко.
Власта предводена од СДСМ знае тоа да го види и оствари“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.