Соработка меѓу Кочани и Лесковац во делот на комуналната инфраструктура

12 Јун 2017
296 пати

Делегација од градот Лесковац предводена од градоначалникот Горан Цветановиќ се сретна со градоначалникот Ратко Димитровски и со директорите на комуналните претпријатија

од Кочани, Виница и Македонска Каменица. Целта е – соработка во областа на комуналната инфраструктура и преземање иксуства и добри пракси.
- Со градоначалникот на градот Лесковац ја продолжуваме дискусијата за она што нè спојува нас. Во Лесковац веќе е завршена Фабриката за преработка на отпадните води, а имаат и Регионална депонија за управување со цврстиот отпад. Нивните искуства се драгоцени за Општина Кочани и за Регионот – изјави градоначалникот Ратко Димитровски.
- Освен пријателската соработка нè врзуваат и заедничките проекти. Пред десетина дена бев делегат на Република Србија во Виена за нашата фабрика за прочистување на отпадни води како пример за добра пракса, во која Еропската Унија вложи 10,5 милиони евра за да се заврши. Истовремено имаме и регионална депонија, па со самото тоа што имаме и заеднички проблеми и заеднички решенија. Овде сме да разменуваме искуства и од други области на општественото живеење – рече Горан Цветановиќ, градоначалник на Лесковац.
Денешната средба на двете делегации е втора, по неодамнешната во Лесковац, и се очекува таа да влијае на натамошните добри пријателски релации и соработка.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.