Ротаријанците од Кочани и Виница донираа кабинет по Роботика за учениците од „Гошо Виќентиев“

31 Мај 2017
464 пати

Ротари клубот Кочани - Виница денеска го предаде во употреба новиот кабинет по Роботика на СОУ Гошо Виќентиев - Кочани. На донацијата

на четири ЛЕГО сетови, опрема од словенечката компанија Легама, присуствуваа претставници од бизнис секторот, професори и ученици од училиштето, како и првите луѓе од локалните самоуправи на двете општини. –
„Овој кабинет по роботика е единствен од ваков вид во земјава, за потребите на образованието, чија основна намена е да создава квалитетни кадри, за потребите на бизнис секторот “, истакна пред присутните претседателот на Ротари клубот Кирил Шуперлиски. „Финансиската конструкција на проектот од околу 8 000 евра ја обезбедивме од сопствени средства“, додаде за Радио Кочани, Шуперлиски. „Еден ваков кабинет по Роботика ни беше повеќе од потребен. Оваа технологија која веќе ја имаат на располагање и професорите и учениците, ќе значи многу за нашиот понатамошен воспитно - образовен процес и посовремена настава по голем број предмети, како во електротехничката, така и во машинската струка“, рече пред присутните, директорот на училиштето Димче Сребренов. 

Во посебно определени термини кабинетот ќе го користат и учениците од Основните училишта во Кочани и Виница. Во периодот што претстои, нашите ученици ќе бидат обучени и за учество на претстојните Балкански натпревари по Роботика што секоја година се одржуваат во Словенија. Општ е впечатокот дека еден ваков кабинет, требаше час поскоро, да се отвори во Република Македонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.