Обид за силување на седумнаесетгодишна виничанка

22 Мај 2017
796 пати

Во полициската станица Виница завчера во 10:20 часот, О.Д. (37) пријавил дека 21-годишниот

Т.С. извршил обљуба над неговата 17-годишна ќерка. Според пријавата, Т.С. на 19 мај околу 13 часот позади дворот на куќата на О.Д. почнал да изјавува љубов на неговата 17-годишна ќерка, а откако таа му рекла дека не го сака, ја земал во раце и пеш ја однел во близина на Метеоролошката станица во Виница, каде се обидел да изврши обљуба над девојчето.

Ја држел до 07:30 часот на 20 мај по што ја предал на неговиот брат, кој пак ја вратил кај нејзините родители.

Малолетничката била однесена во ЈЗУ-Виница каде било утврдено дека над истата не е извршена обљуба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.