АВАНТУРА со Државна Лотарија и KIA SPORTAGE на делницата Виница- Скопје – Виница

15 Мај 2017
1329 пати

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија , ја продолжува својата АВАНТУРА , овој пат во Виница. Среќниот добитник

Славчо Стојков и неговите внуки низ улиците на Виница ќе се возат во својот нов автомобил КIA SPORTAGE.
Славчо е еден од упорните трагачи по среќата и добивките во инстант лотаријата , па секојдневно гребе по неколку инстант лоза. Порано гребел многу пати ТВИНГОМАНИЈА , а потоа и лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА бил еден од неговите фаворити. По започнувањето на инстант лотаријата АВАНТУРА, таа станува негова омилена игра на среќа па така и овој пат се упатил во Среќното место ВИ - ВАРДАР во Виница и купил неколку инстант лозови АВАНТУРА. Пензионерот од Виница бил пресреќен во моментот кога сфатил дека новиот автомобил КИА СПОРТАЖ , ќе стане негов. Убавата вест веднаш ја споделил со своите најблиски , и ни откри дека убавецот најпрво ќе го вози неговата најстара внука , а другите две внуки сега имаат поголем мотив за полагање на возачки испит.
Денес , во Скопје , Државна лотарија на Македонија и Марјана , му ги врачија клучевите , а тој заедно со своите внуки и се израдува на добивката и замина со нов автомобил во Виница.
Инаку , инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари., а секој трет лоз е добитен.
Играчите на инстант лозот Авантура за само 60 денари имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.
Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!


ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ЗА ДОБРО !

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.