Изградба на набљудувачници и манифестација по повод „Денот на штркот“

12 Мај 2017
303 пати

Општина Чешиново-Облешево како дел од мрежата на Европски села на Штркови , го потпиша

договорот со Германската фондација Еуронатура за финансирање на проектот “Wet Meadows and Pastures “ . Станува збор за изградба на две набљудувачници кои ќе бидат изработени од дрвена конструкција. Овие набљудувачници ќе бидат поставени во близина на с. Уларци и во паркот во Чешиново.
По потпишувањето на договорот општината Чешиново-Облешево ќе споровде тендерска постапка за избор на најповодел изведувач а со тоа се очекува и во најбрз рок да се започне со градежните активности.
Како дел од Мрежата на Еврпски села на штркот ,општина Чешиново-Облешево секоја година во мај го одблежува доаѓањето на штрковите, оваа година манифестацијата „ Денот на штркот “со богата програма приготвена од основните училишта од општината ке се одржи утре 12.05.2017г. во паркот во Чешиново со почеток од 11:30 часот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.