Во Кочани одбележан Денот на Европската Унија

09 Мај 2017
316 пати

ЕУ Инфо-точката во Општина Кочани во соработка со кочанските основни и средни училишта го одбележа 9 Мај, Денот на Европската

Унија. Во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ беа претставени шест земји членки на Европската Унија: Малта, Естонија, Португалија, Белгија, Франција и Полска. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски.
- Ние како граѓани на Кочани и на Република Македонија, исто така сме жители на Европа. Сепак, Македонија е на некој начин запоставена, Македонија е на некој начин третирана поинаку од другите членки, Македонија со години ги исполнува критериумите, тоа се докажа и со судски решенија; ги исполнува критериумите што ги поставува Европската Унија во делот на економијата пред сè, во делот на политиката, во делот на другите односи коишто ги имаме, но за жал никако не можеме да дојдеме до тоа заедничко европско семејство.
Мислам дека е непринципиелно од страна на една членка на ЕУ, којашто се смета за лулка на демократијата, поради проблемот со името, да ги става пречките, да не можеме едноставно да бидеме членки на ова европско семејство. Очекувам дека останатите членки на ЕУ ќе го сфатат тоа и ние кога и да е, ќе бидеме членки на таа заедница на којашто припаѓаме. Сакам уште еднаш да го честитатам 9 Мај, Денот на Европа и да потсетам дека со економија и со разбирање се постигнува многу повеќе отколку со војни и со насилство – рече градоначалникот Димитровски.
Во културно-забавната програма по повод Денот на ЕУ, настапија хорот и оркестарот при ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и кочанскиот рок-состав „Шекспир“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.