Специјално противпожарно возило за Општината Чешиново-Облешево

08 Мај 2017
500 пати

Во рамките на меѓуопштинската соработка, во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани беше реализирана одлуката на

Советот на Општина Кочани, за отстапување на специјално противпожарно возило на Општината Чешиново-Облешево. Предавајќи ги документите на неговиот колега, градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека ваквата меѓуопштинска соработка ќе продолжи и во други области.
- Нашата општина нема противпожарна единица, а ние размислуваме да направиме таква единица. Ова возило ќе биде наменето за теренските потреби на нашето Комунално јавно претпријатие – рече Костадин Личков, градоначалник на Чешиново-Облешево.
- Ова специјално противпожарно возило, марка ТАМ, е во добра возна состојба и може да превезува осум пожарникари. Ние му вградивме и резервоар за вода со носивост од 3 илјади литри. Иницијативата за доделување на ова возило е резултат на честите противпожарни интервенции што ги имавме на територијата на Чешиново-Облешево минатата пролет и лето. Очекуваме дека ќе ѝ послужи на Општината односно на Комуналното јавно претпријатие за формирање единица за заштита и спасување – која првенствено треба да реагираа при пожари, а доколку има потреба од поголема интервенција да се вклучиме и ние како Територијална противпожарна единица – изјави командирот на ТППЕ – Кочани, Дејанчо Арсов.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.