Загадена и Оризарска Река

27 Апр 2017
457 пати

По загадувањето на Кочанска река кај село Горни Подлог со непозната материја со лош мирис, од денеска е забележано загадување и на Оризарска река ка

ј село Грдовци. Како што не информира директорорт на Водостопанство „Брегалница“ од Кочани, Николчо Гоцевски, земјоделци од село Грдовци веќе се пожалиле на загадените води на Оризарска река кои се со зелена боја и со тежок мирис, и создаваат проблеми при полнењето на нивите за сеидба на оризот.
Жителите на Грдовци протестираат за неможноста своите ниви да ги наполнат со чиста проточна вода и бараат одговор од надлежните републички органи за тоа кој ги загадува водите на Кочанска и Оризарска река.
Инаку Водостопснтво „Брегалница“ од Кочани на почетокот на сеидбата на оризот традиционално ги користи водите од реките и водотеците во Кочанскиот регион, за да по првомајските празници биде пуштена за сеидба и водата од акомулациското езеро Калиманци.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.