Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер во посета на Кочани

21 Апр 2017
533 пати

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер го посети објектот „Ѕвездички“ во Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, каде што

се реализираше донацијата за опремување на две занимални од Сојузна Република Германија. Алтхаузер истакна дека е многу задоволна од амбиентот во кочанската градинка и од намената на средствата преку Фондот на малите проекти од Амбасадата на Германија.
Средствата во висина од 4 640 евра се наменија за детски масички, столчиња и креветчиња, што помогна во подобрување на опременоста на градинка и на поголем опфат на деца во неа.
Градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека на средбата со амбасадорката Алтхаузер се воделе конкрени разговори околу целокупната соработка меѓу Општина Кочани и Амбасадата на Германија како и за инвестициската клима на локално ниво.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.