Благој Николов – Виничанец за Гинис во крводаретелството

17 Мар 2017
583 пати

Благој Николов е виничкиот гинис во историјата на крводарителството. Во своите 56 години тој

успеа да донира 52.500 милилитри крв или цели 52 литри крв за потребите на Трансфузиологија. По повод денот на крводарителството тој доби и награда телевизор од општинската организација на Црвен Крст за 150 пати дарена крв .
“За првпат дарував крв 1978 во гиманзијата како средношколец, и оттогаш сум редовен крводарител, најмалку 4-5 пати во текот на годината . 150 пати не е мала бројка, сум помогнал на 150 луѓе, и ме радува подршката и од фамилијата, жената има дадено 75 пати, а и децата се активни крводарители“, вели Николов.
Општинската организација на Црвен Крст Виница 2016 г. ја заокружува со 1240 крвни единици, 400 помалку од минатата година, а првото место овојпат го отстапува на скопската општина Центар.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.