Денеска и утре - Минусни ноќни температури, дневните до 13 Целзиуса

26 Дек 2016
866 пати

Објавено на: 26.12 2016 г., 08:30 ч....ИНФОРМАЦИЈА

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
1 Берово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-6 Берово, -5 Лазарополе, -4 Битола, -3 Дебар, Прилеп, Маврово, -2 Скопје Петровец, Претор, Крушево, Тетово, Охрид, -1 Пожаране, Кр. Паланка, Штип, Д. Капија, 0 Струмица, Виница, Тополчани, Ѓуриште, 1 Куманово, 2 Скопје, 6 Гевгелија, Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Берово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Утринава во земјава преовладува умерено а во поголемиот дел облачно време, во Беровскиот регион има слаб снег. Дува слаб ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Во северните планински делови ќе има услови за провејување на снег. Највисоката температура ќе се движи во интервалот од 6 до 13 степени.
Скопје Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта, во северозападните делови има услови за повремен слаб локален дожд а на планините и повисоките места провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Утринските температури ќе бидат во интервалот од -2 до 5, а дневните од 5 до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време, односно на места ќе има зголемена облачност со услови за појава на слаб дожд, а на планините провејување на слаб снег.Ќе дува умерен до засилен а повремено и силен северен ветер, особено во среда и четврток кога ќе предизвика опаѓање на температурта на воздухот.

Дежурен синоптичар: инж. мет. Лена Јовановска

Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.