Денеска променливо облачно со сончеви периоди

11 Ное 2016
687 пати

08:30 ч., ИНФОРМАЦИЈА, МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

0 Маврово, 2 Крушево, Лазарополе, 3 Скопје-Петровец, Пожаране, Кр. Паланка, 4 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Берово, Тетово, 5 Ѓуриште, 6 Прилеп, Штип, Струмица, Претор, Д. Капија, 7 Охрид, Битола, Тополчани, Виница, Гевгелија, 9 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Битола, Скопје, Тетово, 2 Пожаране, Претор, 5 Маврово, Лазарополе, 6 Охрид, 12 Дебар.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Променливо облачно време со сончеви периоди, а во западните планински делови со слаб локален дожд. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава, каде на повисоките планини ќе има и повремен снег.Највисокататемпература на воздухот ќе биде во интервалот од 11 до 18 степени.

Скопје Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Највисоката температура ќе достигне до 13 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Утре врнежите ќе се прошират во останатите делови одземјава, на повисоките планини ќе има повремен снег. Локално се очекува да наврнат над 20 л/м2.Ќе дува умерен јужен, а во зaпадните делови и засилен југозападен ветер.Од недела следува период од променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Дежурен синоптичар: инж. мет. Лена Јовановска

Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.