Викендов стабилно и релативно топло

05 Ное 2016
762 пати

Објавено на: 05.11 2016 г. 08:30 ч. ИНФОРМАЦИЈА, МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

0 Тетово, 2 Скопје, Кр. Паланка, 3 Лазарополе, Пожаране, 4 Битола, Куманово, Крушево, Маврово, 5 Тополчани, Штип, Прилеп, Ѓуриште, Дебар, 6 Виница, Д. Капија, 7 Претор, 8 Берово, Охрид, Струмица, 10 Гевгелија, 12 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Претор, Прилеп, 2 Охрид.

ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Променливо облачно со утринска магла понекаде вдолж Повардарието, во Струмичко и во Пелагонија. Дува слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со сончеви периоди кои ќе се почести во централните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне маглата во котлините ќе слабее. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 20° С.
Во Скопје ќе биде променливо облачно во средината на денот со почести сончеви периоди и ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата до 16° С.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
За време на викендов времето ќе биде стабилно и релативно топло, со појава на утринска магла по одделни котлини. Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Дежурен синоптичар: инж. мет. Секирарски Борис

Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.