Денес облачно, утре малку сонце

04 Ное 2016
859 пати

Објавено на: 04.11 2016 г., 08:30 ч. ИНФОРМАЦИЈА, МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

-1 Маврово, 1 Куманово, Ѓуриште, 2 Пожаране, Лазарополе, 3 Кр. Паланка, Берово, Дебар, Крушево, 4 Скопје Зајчев Рид, Тетово, Виница, 5 Прилеп, Струмица,
6 Претор, Битола, Д. Капија, 7 Охрид, 8 Гевгелија, , 2 3, Штип, 6 Тополчани и 10 во Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа.
24 Пожаране, 18 Тетово , 17 Маврово, 16 Скопје, 13 Крушево, 12 Дебар, 11 Лазарополе, 8 Охрид, 7 Ѓуриште, 6 Штип, 5 Виница, 4 Берово и во Куманово, 3 Тополчани, Прилеп и во Струмица, 2 Претор и 1 во Битола и во Д. Капија.

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Утринава речиси насекаде во земјава преовладува облачно време локално има слаб дожд. Дува слаб а на повисоките места и на планините дува умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Т-мин. од 3 до 9 а т-мин. 13 до 19 степени.
Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 14 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло, со појава на магла по одделни котлини.
Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Дежурен синоптичар: инж. мет. Душанка Танушевска

 


Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.