Денеска сончево и свежо, до 16 степени

31 Окт 2016
705 пати

Објавено на: 31.10 2016 г. 07:30 ч., ИНФОРМАЦИЈА

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Лазарополе, Берово, Маврово, -1 Крушево, 0 Скопје Петровец, Пожар, Тетово, Прилеп, Битола, Д. Капија, 2 Пожаране, Кр. Паланка, Струмица, 3 Ѓуриште, Тополчани, Охрид, 4 Претор, Скопје, Виница, 5 Штип, Куманово, 8 Дојран, Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
Без врнежи.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност претпладне. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура од 10 до 16 степени.

Скопје
Сончево и посвежо, со мала до умерена облачност претпладне. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер. Максималната температура до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
До среда времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Утре ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој попладне ќе го промени правецот во јужен. Во среда и четврток ќе има услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во четврток ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон петок и врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.


Дежурен синоптичар:
Дипл. инж. метеоролог Ивана Петровиќ

Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.