УХМР - До среда стабилно, суво и потопло

22 Окт 2016
877 пати

Објавено на: 22.10 2016 г., 09:00 ч., ИНФОРМАЦИЈА

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
6 Маврово, 7 Пожар, Берово, Крушево, Лазарополе, Ѓуриште, 9 Пожаране, 10 Претор, Тополчани, Кр. Паланка, 11 Виница, Охрид, Охрид А., Тетово, Битола, Прилеп, 12 Струмица, Скопје, Скопје Петровец, Дебар, 13 Д. Капија, Гевгелија, Штип, 14 Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Штип, Дојран, 2 Берово, 3 Виница, Д. Капија, Ѓуриште, 4 Пожар, Струмица, 5 Кр. Паланка, Тополчани, 6 Гевгелија, 7 Прилеп, Битола, 8 Скопје-Петровец, 10 Претор, Дебар, Куманово, 11 Крушево, 14 Лазарополе, Скопје-З.Рид, Охрид, 23 Тетово, 24 Маврово, 28 Пожаране.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во втората половина од ноќта и во раните утрински часови, особено во западните делови. Во овие моменти има само слаби локални врнежи.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со повремен слаб локален дожд. Облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максимална температура од 14 до 20 степени.

Скопје
Променливо облачно со локален дожд претпладне, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максимална температура до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Од утре до среда следува период на стабилно, суво и потопло време. Во среда кон крајот на денот под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в четврток, проследени со северен ветер и опаѓање на температурата. За в недела се најавува температура од 15 до 22 степени.

Дежурен синоптичар: инж. мет. Лена Јовановска

Директор: м-р Оливер Ромевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.